Полиција / илустрација / Фото: Општина Центар

Драма: Скопјанец ја грабнал ќерката од поранешната партнерка и избегал со кола

Нешто по полноќ синоќа, 24-годишна жителка на Скопје пријавила во полиција дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер пред нејзиниот дом ја грабнал нивното девојче и избегал со автомобил, соопшти полицијата.

„Денеска (01.09.2025) околу 00:30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.И.(24) од Скопје пријавила дека на 31.08.2025 пред нејзиниот дом во Скопје, нејзиниот поранешен вонбрачен партнер А.К. ја зел нивната малолетна ќерка и со патничко возило го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот