Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Драма на свадбата на Бруклин Бекам: Викторија го презела првиот танц и ја расплакала снаата Никола?

Семејната драма кај славните Бекамови повторно е во центарот на вниманието, откако во јавноста излегоа детали за наводен инцидент кој се случил уште на свадбата на најстариот син Бруклин Бекам со актерката Никола Пелц. Според извори блиски до семејството, односите меѓу Бруклин и неговите родители, Дејвид и Викторија Бекам, се влошиле уште тогаш и сè уште не се смирени.

Како што објави „Пипл“, токму мајката на младоженецот, Викторија Бекам, била причината зошто невестата Никола го напуштила венчавката расплакана. Инцидентот се случил за време на првиот танц, кој требало да биде интимен момент само за Бруклин и Никола. Меѓутоа, на бината се качил пејачот Марк Ентони, пријател на семејството Бекам, и наместо да ја најави невестата, рекол: „Најубавата жена вечерва – Викторија Бекам!“, пред да ја покани да танцува со синот.

Настанала збунетост и непријатност, а според очевидци, во салата завладеала тишина. Гостите биле шокирани од потегот, а Никола наводно побегнала од просторијата со солзи во очите. Извори блиски до младата двојка тврдат дека Никола го доживеала тоа како намерно поткопување на нејзиниот важен ден од страна на свекрвата.

Фото: Инстаграм/Британски „Вог“

Иако во јавноста семејството се обидува да го одржи впечатокот на хармонија, новите случувања ги разоткриваат длабоките пукнатини. Последниот доказ за тоа беше отсуството на Бруклин и Никола од роденденската забава по повод 50-от роденден на Дејвид Бекам, што дополнително ги разгори шпекулациите за нарушените односи.

Се шпекулира дека од моментот кога Бруклин се оженил, родителите чувствуваат дека го губат влијанието врз него, а сè поголемата улога на семејството Пелц во неговиот живот само ги продлабочила несогласувањата. Од друга страна, Никола никогаш не криела колку ѝ значи семејството, особено врската со нејзините браќа и сестри, за кои вели дека ѝ се најголема радост.

И додека Бруклин јавно изјавува дека „секогаш би ја избрал“ својата сопруга, јасно е дека се наоѓа меѓу две страни – љубовта кон родителите и посветеноста кон новото семејство што го гради со Никола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот