Ребел Вилсон / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Драма на снимање филм: Познатата актерка со ужасна повреда на носот, веднаш повикан пластичен хирург

Актерката Ребел Вилсон откри дека носот ѝ бил буквално пресечен за време на снимањето на нејзиниот нов филм „Bride Hard“ и дека морале да повикаат брза помош и пластичен хирург, според „Њујорк пост“.

„Во сцена на борба, пиштол случајно ме удри право во моето лице. Беше чиста лоша среќа и носот ми беше пресечен, па веднаш го напуштив сетот. Всушност, тоа беше мојот последен ден од снимањето. Помислив: ‘Колку повеќе лоша среќа можам да имам?“’Бев преплашена. Веднаш повикаа брза помош и мораа да повикаат пластичен хирург бидејќи во спротивно ќе бев трајно обезличена. За среќа, хирургот дојде, сè заши, а сега навистина не можете да видите ништо – навистина, не можете да видите ништо“, рекла актерката.

И покрај непријатното искуство, актерката го пофали целото производство на филмот.

„Нашата екипа направи навистина импресивен филм, а јас понекогаш направив неколку сцени и акциони секвенци без сигурносен појас. Не кажувајте му на Нетфликс“, додала таа шегувајќи се.

Ребел Вилсон во тајност се омажи со својата партнерка во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот