Германска полиција
Германска полиција /Фото: EPA

Драма на изборите во Германија, пронајдена бомба во близина на избирачко место

Властите во германскиот град Вупертал во Северна Рајна-Вестфалија денеска ги повикаа граѓаните да не излегуваат на гласање на пет избирачки места, откако во таа област беше пронајдена бомба од Втората светска војна, пренесува Дојле веле.  

„Гласачките места се наоѓаат во радиус од 500 метри од местото каде што е пронајдена бомбата. На граѓаните кои гласаат овде им беше кажано да не доаѓаат на избирачките места додека не се реши ситуацијата“ – изјавија градските власти.  

Луѓето биле евакуирани од зградите во близина на местото каде што била пронајдена бомбата. Околу 400 луѓе се во привремено засолниште во едно средно училиште.  

Оние кои живеат во радиус од 200 до 500 метри од местото каде што е пронајдена бомбата, мора да останат дома, додека властите не објават поинаку.  

Денеска во Германија започнаа изборите за Бундестагот, кои ќе го одредат составот на парламентот. По изборите, ќе биде формирана владата, а наместо канцеларката Ангела Меркел, која помина речиси 16 години е на таа функција, ќе биде назначен нов канцелар.  

Речиси 60.000 избирачки места ќе бидат отворени до 18 часот. Според првичните истражувања, шесте најголеми партии имаат шанса да влезат во Бундестагот. 

Сѐ што треба да знаете за изборите во Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот