
Драгана Мирковиќ се разведува по 23 години брак: Направив сѐ да ја сочувам нашата заедница
Српската пејачка Драгана Мирковиќ (56) објави дека се разведува од сопругот Тони Бијелиќ (51) по 23 години брак.
Препорачано
Во соопштението до медиумите, таа изјави дека чувствува обврска да сподели информации за нејзиниот развод.
Мирковиќ вели дека таа и нејзиниот сопруг не живеат заедно три години. Пејачката вели дека се обидувала да го спаси бракот, но дека на крајот заклучила дека тоа не е можно.
„Мојот однос со Тони веќе подолг период не е како што беше, и практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив три години. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив сѐ за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Но, со текот на времето тој јаз стана сѐ поголем и сфатив дека повеќе им нанесувам штета на моите сакани со тоа што насилно останувам во нешто што долго време не функционира“, изјави Мирковиќ во својата официјална изјава и додаде дека секогаш ќе има почит кон својот, сега веќе поранешен, сопруг, како кон таткото на нејзините деца и кон личноста со која поминала многу убави години.

Оваа вест изненади многумина, бидејќи тие важеа за еден од најкомпатибилните парови на регионална јавна сцена, кои никогаш не се експонираа претерано во медиумите.
Во една прилика, Мирковиќ раскажа како ја запросил Бијелиќ.
„Јас сум најсреќна веќе некое време. Кога ме запроси, јас се шокирав. Тоа се случи додека чекавме да преминеме улица, додека светеше црвената боја на семафорот. Тој само излета, ми кажа дека тогаш собрал сила, а јас само се насмев. Несекојдневен, но многу среќен момент. Имаше многу среќни моменти“, изјави пејачката додека гостуваше во емисијата „Ами Џи шоу“.

Првично, тие имале врска на далечина.
„Во првите шест месеци од нашето запознавање, ние разговаравме многу на телефон бидејќи јас живеев во Белград, а тој во Виена. Нашите телефонски разговори траеја со часови и тогаш сфативме дека зборуваме на ист јазик. Можете да замислите колку нѐ чинеше, бидејќи меѓународните разговори беа многу скапи“, изјави таа за „Стори“ и го опиша почетокот на нивната љубов:
„Факт е дека ја напуштив Србија поради љубов, но воопшто не ми беше лесно да се одлучам на таков чекор. Од убава куќа отидов да живеам во педесет квадрати. Иако имаше компанија, Тони не бил заинтересиран да се одоми, туку да вози супер автомобил. Онака како што би расмислувало секое момче. Сепак, тоа ми беше најмалиот проблем. Кога отидов во Виена, ја напуштив мојата земја, семејството и кариерата. Постоеше можноста и да не се вратам на музичката сцена. Дали сфаќате колку ризикував? Сега, кога ќе се сетам на тој период, сфаќам колку сум била храбра“.
Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ стапија во брак на 28 септември 2000 година, со свадбена церемонија во Виена, Австрија.