фото: fss.rs

Драган Џајиќ е нов претседател на Фудбалската федерација на Србија

Официјално, Драган Џајиќ е избран за претседател на Фудбалската федерација на Србија на Изборната седница во Стара Пазова.

Едногласно, сите 78 присутни делегати решија да ја дадат довербата на легендата на српскиот фудбал да ја води федерацијата во следните четири години.

Со 78 гласа за и ниту еден против, ниту воздржан, Џајиќ е избран за претседател на Фудбалската федерација на Србија.

– Почестен сум поради тоа што добив можност да го водам српскиот фудбал. Го прифатив овој предизвик бидејќи чувствувам дека со знаењето и искуството стекнато од освоените 36 клупски трофеи, светски и европски титули можам да помогнам. Мислам дека заедно можеме да го подигнеме српскиот фудбал на повисоко ниво – вели Џајиќ.

Џајиќ истакна дека ќе даде сè од себе репрезентацијата на Србија да биде редовен учесник на најголемите натпреварувања.

– Мислам дека има многу работи кои функционираат добро во федерацијата, но верувам и дека има многу работи што можеме да ги подобриме. Секако, мерило за работата на федерацијата во очите на јавноста е националната фудбалска репрезентација. Ќе дадеме сè од себе да биде редовен учесник на најголемите натпреварувања, односно европски и светски првенства, а потоа да направиме пробив во тие натпреварувања и после долго време навистина да блесне. Во овој момент приоритет е да да се квалификуваме на Европското првенство и таму да постигнеме успех – вели Џајиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!