Емануел Макрон и Лили Колинс (Емили во Париз) / Фото: EPA / Profimedia

„Драг Емануел не се грижи, добро ѝ е кај нас“: Градоначалникот на Рим му возврати на Макрон за хит серијата „Емили во Париз“

Еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон посака главниот лик од серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати од Италија во француската престолнина, градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери изјави дека на Емили ѝ е многу добро во Рим.

– Почитуван Емануел Макрон, не грижете се: Емили се чувствува многу добро во Рим – рекол градоначалникот Роберто Гуалтиери, пренесува денеска „Политико“.

Гуалтиери додаде дека срцето не може да се контролира и дека треба да ја остави Емили да избере.

Имено, во четвртата сезона од серијата, Американката Емили Купер, која ја игра актерката Лили Колинс, се преселила од Париз во Рим поради работа.

Макрон во новото интервју, на шега изјави дека ќе се бори главниот лик од хит серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати во француската престолнина по нејзиниот престој во Рим.

– Ќе се бориме напорно. Ќе ги замолиме да останат во Париз! „Емили во Париз“ нема смисла да е во Рим – изјави Макрон за магазинот „Вараети“.

Според него, оваа серија му донела голем успех на Париз и на целата земја, а неговата сопруга Брижит е толку заљубена во серијата што дури и се појавила во една епизода, што го направило Макрон, како што вели, „многу горд“.

Во интервју за магазинот „Холивуд репортер“, градоначалникот на Рим го предупреди францускиот претседател да не се меша во продукциските планови на Нетфликс. Гуалтиери додаде дека за коментарите на Макрон разговарал и со градоначалничката на Париз, Ан Идалго, и дека и двајцата се смееле на тоа.

– Гледаме дека Емили се сели во Рим, што е потврда дека нашиот град станува сè поважен и целосно сме опуштени околу одлуките на продукцијата на Нетфликс. Тие знаат што прават – изјавил Гуалтиери, додавајќи дека Макрон треба само да се опушти.

Вистинско изненадување за фановите: Брижит Макрон ќе се појави во четвртата сезона на „Емили во Париз“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот