
Драч, „малиот Дубаи на Медитеранот“ удавен од канализација
Иако владата има големи планови за развој на туризмот во Драч, Албанија, амортизираната инфраструктура за третман на отпадните води сè уште претставува предизвик за крајбрежниот град. Водоводот во Драч е втор по големина во Албанија и компанијата континуирано е поддржана од донатори и од државниот буџет за подобрување на услугата за обезбедување вода за пиење и канализација.
Препорачано
И покрај тековните заеми и поволности во наменските проекти за водоводна канализација, податоците добиени од БИРН преку Законот за Право на информирање и интервјуа со експерти за животна средина, покажуваат дека голем дел од општината испушта сурова отпадна вода во морето.
Испуштањето на нечиста вода ги трансформираше некои од најпопуларните плажи во градот во еколошки бомби, кои го загрозуваат здравјето на посетителите на плажа поради големото микробно оптоварување во водата.
Ревизиите на Високиот државен завод за ревизија и експертите за водовод и канализација го обвинуваат лошото управување со средствата и инвестициите без јасно планирање, за неуспехот на јавното претпријатие да ја подобри состојбата.
За „Си-Ен-Ен“, премиерот Еди Рама изјави дека проектот на инвеститорот од Обединетите Арапски Емирати ќе го трансформира Драч во „мал Дубаи на Медитеранот“.
Но, се чини дека амбициите на албанската влада се во конфликт со амортизираната канализациона инфраструктура во крајбрежниот град и лошото управување со јавното претпријатие за водовод и канализација од страна на општината. Според Извештајот за состојбата на животната средина за 2021 година, подготвен од Националната агенција за животна средина, Водовод Драч покрива 90,8% од населението со водоснабдување и само 54,6% со канализација.