
Дошла на работа во патики, па добила отказ: Сега компанијата треба да ѝ плати отштета од илјадници евра
Британските медиуми пишуваат за Елизабет Бенаса која почнала да работи во некоја компанија во 2022 година, а по три месеци добила отказ.
Препорачано
Нејзиниот случај дошол пред Трибуналот за вработување во Јужен Лондон, а епилогот ќе изненади многумина.
UK Woman Fired For Wearing Sports Shoes At Work Wins Rs 30 Lakh In Compensation https://t.co/b4LM2kBE0K pic.twitter.com/m3IufFKKAO
— NDTV (@ndtv) December 28, 2024
Елизабет се вработила и редовно доаѓала на работа. Меѓутоа, во една прилика се појавила во канцеларија во патики, и тврди дека не знаела дека има одреден дрес код.
Рекла дека била „неправедно издвоена“, иако нејзините колеги „носеле слични чевли во канцеларијата“, а менаџерот го критикувал нејзиниот избор, пренесува „НДТВ“.
Во образложението за раскинувањето на договорот, покрај облеката се споменуваат и други причини.
Случајот дошол пред надлежниот Трибунал, каде Елизабет изјавила дека повеќето нејзини колеги се на возраст од дваесет години, а таа како најмлада (имала 18 години) била под „менаџерски микроскоп“.
Компанијата негираше дека постапила „неправедно“ кон Елизабета, но Трибуналот застана на нејзина страна. На крајот е донесена одлука да ѝ се исплати отштета во износ од 36.000 евра.
Одлуката е донесена поради загриженоста за дискриминација на младите работници.