
Дописник на Би-би-си кој бил на собирот на Трамп: Ова е шокантен момент во американската историја
Дописникот на Би-Би-Си кој бил на митингот на Доналд Трамп напиша краток осврт за обидот за атентат врз поранешниот американски претседател.
Препорачано
-Беше прилично страшно. Не бевме во толкава опасност како тие пред сцената, но да бидам искрен кога луѓето почнуваат да пукаат почнуваш да се плашиш. Она што го видовме кога луѓето почнаа да заминуваат и кога мислевме дека е релативно безбедно да се почне повторно со работа, е дека луѓето беа многу вознемирени и лути, многу емотивни. Некои беа навистина, навистина лути.нЌе има толку многу прашања за безбедноста. Тоа е локација на отворено, па има периметар – зошто немаше агенти на секој низок покрив околу ова место? Зошто не ги проверија тие покриви? Како човек со полуавтоматска пушка се качил на тој покрив и го застрела поранешниот претседател?
Shooting just happened at The Trump rally pic.twitter.com/Xs1dVL1H3T
— Acyn (@Acyn) July 13, 2024
Шокантен момент во американската историја
Мислам дека тоа е шокантен, шокантен момент во американската историја. Гневот се шири на сите страни – проблемот е како ќе слета, каде ќе слета и што ќе значи не само за оваа изборна кампања туку и за иднината на оваа држава. Политичкото раководство има избор како да го процесира ова, како да ја извлече земјата од ова и ако не го сфатат како што треба, работите може да се влошат многу.