Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Доналд Трамп го откри како ја нарекува својата сопруга Меланија кога никој не ги гледа

Бракот на американскиот претседател Доналд Трамп и Меланија Трамп е секогаш во центарот на вниманието, а деталите за нивната врска ги полнат насловните страници на сите медиуми.

Биографот Мајк Волф уште во мај тврдеше дека двојката е „разделена“.

– Тие очигледно не живеат во брак на никаков начин како што го дефинираме ние. И мислам дека можеби попрецизно можеме да кажеме дека живеат одвоени животи – истакна своевремено Волф.

Сепак, иако нивната брачна среќа често е доведена во прашање, навидум сè е совршено, а американскиот претседател, како и скоро секој маж, има прекар за својата сопруга.

Иако во случајот на Доналд Трамп, тоа не е сладок прекар.

Имено, неодамна додека зборуваше на настанот „Поздрав до Америка“ во Ајова, Трамп неочекувано отстапи од темата и почна да зборува за разговорите меѓу него и неговата сопруга.

– Пред една година, се сеќавам дека ѝ реков на нашата голема прва дама: Знаете, првата дамо … Ја викам прва дама затоа што ме прави да се чувствувам добро. Прва дама. Не е ли тоа одлично? Велејќи ѝ добра ноќ, моја драга прва дамо – изјави Доналд Трамп, кој откри дека не користи романтичен прекар за својата сопруга, туку титула што е поврзана со чувство на моќ, пренесува „Индпендент“.

Покрај тоа што на овој начин ѝ дава важност на својата сопруга, Доналд призна дека го прави тоа за себе, затоа што го потсетува дека се однесува како претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот