
Доналд Сатерленд се женеше трипати и има четири деца: Имињата на синовите ги бирал на посебен начин, а двајцата од нив се познати актери
Легендарниот холивудски актер Доналд Сатерленд, чија кариера се протегаше од 1970-тите до 2020-тите, почина на 88-годишна возраст по долго боледување во Мајами. Тажната вест на социјалните мрежи ја потврди и неговиот син, актерот Кифер Сатерленд.
Препорачано
Роден на 17 јули 1935 година во Канада, се прослави во текот на шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век. Сатерленд стана икона со филмовите како „Валканата дузина“, „МАШ“, „Клут“ и „Не гледај сега“, и уживаше во плодна и широката кариера со филмовите, вклучувајќи ги „Обичните луѓе“ и „Без граници“. Повеќе од половина век, актерот добитник на Еми и Златен глобус незаборавно глумеше негативци, антихерои, романтични главни личности и фигури на ментори. Неговата биографија неодамна се зголеми и со неговата споредна улога во франшизата „Игри на гладта“. Важеше за еден од најголемите актери кој никогаш не беше номиниран за Оскар за некоја од неговите улоги, а дури во 2017 година доби почесна статуетка.

Неговиот приватен живот е живописен исто колку и неговата филмска кариера. Имено, Доналд ја запознал својата прва сопруга Луис Хардвик додека бил на колеџ и се венчале во 1959 година. Сепак, тие се развеле во 1966 година, кога Доналд ја запознал својата колешка Ширли Даглас, ќерка на канадскиот социјалдемократски политичар и „татко“ на универзалниот здравствен систем на Канада, Томи Даглас со која се оженил истата година.
Со Ширли ги добил близнаците Рејчел и Кифер, но разводот следувал во 1970 година. После тоа, тој имал афера со својата колешка Џејн Фонда, а потоа се заљубил во друга актерка – Франсин Рацет.
Со Франсин ги добил трите сина, Руг, Ангус Редфорд и Росиф. Интересно е што Доналд сите свои синови ги именувал по режисерите со кои соработувал. Така Кифер е именуван по Ворен Кифер, Росиф по Фредерик Росиф, Рог по Николас Рог, а средното име на најмладиот син Ангус Редфорд, по Роберт Редфорд. Како што изгледа, Доналд ја најде својата среќа покрај Франсин и остана со неа до крај.

Инаку, ќерката на Доналд, Рејчел работи како продуцентка, додека Кифер и Росиф се познати актери.
Кифер глумеше со својот татко во вестернот „Напуштени“ од 2015 година, каде глумеа татко и син. Покрај ова, Кифер го видовме во филмовите „Остани покрај мене“, „Изгубените момчиња“, „Тенката линија на смртта“, „Твин Пикс“, „Тројцата мускетари“, „Око за око“, „Време за убиство“, „Одземање живот“, „Огледала“, „Помпеја“ и други.
Додека, Росиф имавме можност да го погледнеме во продукциите „Измамниците“, „Убиство во малиот град“, „Посредникот“, „Реката“, „Сираче: Првото убиство“ и други.