Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Доминација: Ѓоковиќ за само еден час обезбеди осминафинале во Шангај!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без проблеми прескокна уште една пречка на турнирот во Шангај.

Ѓоковиќ издоминира против Италијанецот Флавио Коболи и славеше победа за еден час игра со 2-0 во сетови. Новак на противникот му дозволи вкупно само три гема (6:1, 6:2).

Коболи претходно го елиминираше ветеранот Стан Вавринка, меѓутоа против Новак немаше никакви шанси.

Во првиот сет освои само еден гем, додека во вториот парираше само до 2:2, се потоа повторно беше во знакот на Ѓоковиќ.

Претходно место во најдобрите 16 на турнирот обезбедија Фриц, Руне, Димитров и Шелтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!