Фото: Принтскрин/Инстаграм/EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Долго време се зборува дека се во врска: Ана де Армас првпат проговори за Том Круз

Актерката Ана де Армас за првпат јавно проговори за Том Круз за откако беа видени заедно неколку пати во Лондон.

За време на гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“, 37-годишната актерка потврди дека тие работат заедно на неколку проекти. Ова се нејзините први официјални изјави откако за првпат беа видени заедно во февруари.

Додека го промовираше својот претстоен филм „Од светот на Џон Вик: Балерина“, Де Армас беше прашана за нејзините планови за иднината и гласините за соработка со друга голема ѕвезда и каскадер. Водителот Мајкл Страхан директно го спомена Круз и праша дали соработката е на филм што ќе вклучува неколку луди сцени со каскадери.

Де Армас одговори дека дефинитивно работат на многу работи, не само на еден, туку на неколку проекти со режисерите Даг Лиман и Кристофер Меквори, како и со Том Круз, и дека е многу возбудена поради тоа.

Лиман е режисер кој работеше со Круз на филмовите од 2014 година „На работ на утрешнината“ и „Американ мејд“ од 2017 година, додека Меквори е режисер и сценарист кој соработувал со Круз на неколку филмови од франшизата „Невозможна мисија“, а исто така го напишал и сценариото за „На работ на утрешнината“.

Во декември 2024 година, „Краен рок“ објави дека Круз и Лиман работат на натприроден трилер наречен „Подлабоко“. Кога Круз и Де Армас за првпат беа видени заедно во Лондон во февруари, извор близок до двојката изјави за „Пипл“ дека вечерале со своите агенти и разговарале за потенцијална идна соработка. Оттогаш, тие се видени заедно неколку пати, вклучувајќи ја и прошетката во лондонски парк на 37-миот роденден на де Армас.

Двајцата одеа еден до друг додека беа придружувани од обезбедувањето. Изгледаа опуштено и уживаа во разговорот додека шетаа по патеката низ паркот. Тие беа видени и како пристигнуваат во Лондон со хеликоптер на 14 март, во придружба на Даг Лиман.

Најновите фотографии ги покажаа како заедно излегуваат од автомобил по забавата по повод 50-тиот роденден на Дејвид Бекам во Лондон на 3 мај. На фотографиите објавени од „Дејли меил“, Круз имаше голема насмевка на лицето.

Претставниците на Круз и де Армас досега не дале коментари за нивната врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот