
Доларот почна да се „опоравува“
Падот на оваа валута беше предизвикан поради зголемениот интерес на инвеститорите за помалку ризични инвестиции во злато и поради разгорувањето на епидемијата од корона вирусот во САД.
Американската валута при денешното тргување на светските берзи отскокна од двегодишниот минимум бидејќи инвеститорите ја намалија продажбата на доларот пред состанокот на бирото за Федерални резерви во исчекување на крајот на политичката расправа во Конгресот на САД за следниот пакет фискални мерки за поддршка на економијата.
Препорачано
Падот на оваа валута беше предизвикан поради зголемениот интерес на инвеститорите за помалку ризични инвестиции во злато и поради разгорувањето на епидемијата од корона вирусот во САД.
Нервозата на пазарните актери на азиските берзи по благото зголемување на цената на златото беше доволна причина доларот повторно да тргне по нагорна линија, а останатите водечки валути да се симнат од водечките позиции.
Британската фунта се спушти од нивото на четиримесечниот максимум на 1,2850 долари додека јапонскиот јен ослабна за 0,3 отсто и се стабилизира на 105,65 долари, што е незначително под нејвисокото ниво забележано кон средината на март, пренесува „Ројтерс“.
Еврото се тргува по цена од 1,1725 долари, што е за 0,2 проценти пониско во однос на претходниот ден.
Доларот во однос на кошницата со валути се опорави од двегодишниот минимум, а неговиот индекс порасна од 93,492 поени на 93,918.
Сепак овој индекс во јули забележа загуба од 3,6 проценти, и доколку во наредните неколку денови не оствари значителен скок ова ќе биде неговиот најлош месечен резултат во последните десет години.