
Докторот на Шенoн Доерти ги опишa нејзините последни моменти од животот: Таа не беше подготвена да замине…
Онкологот Лоренс Пиро, кој беше доктор на ѕвездата од серијата „Беверли Хилс, 90210“, Шенон Доерти, откри како изгледале последните моменти од нејзиниот живот. Актерката почина на 13 јули на 53-годишна возраст по долга борба со ракот.
Препорачано
Во ексклузивно интервју за магазинот „Пипл“, докторот истакна дека последните часови од животот на Шенон биле „тажни, но убави“.
„Во последните неколку часа ѝ беше многу удобно; спиеше и полека заминуваше, а беше опкружена со некои нејзини многу блиски пријатели. Имаше избрана група нејзини пријатели во собата кои ѝ даваа многу внимание и поддршка. Беше мрачно, тешко и тажно, но во исто време убаво и полно со љубов“, изјавил д-р Пиро.
„Најтешкото нешто во сето тоа беше што таа не беше подготвена да замине бидејќи навистина го сакаше животот“, додал тој.
На актерката во 2015 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка, а во 2017 година изјави дека е во ремисија. Меѓутоа, во 2019 година, ракот се врати и се прошири, а минатата година таа откри дека била подложена на зрачење за рак кој се проширил на нејзиниот мозок.
Д-р Пиро се осврна и на борбата на покојната актерка против оваа тешка болест, признавајќи дека „продолжиле со борбата сè додека немале каде да одат“.
„Во последниот разговор што го имавме, таа беше во процес на сфаќање дека работите добија значителен пресврт. Разговорот беше за љубов и поддршка и грижа и продолжување со борбата. Таа сакаше да продолжи да се лекува и да се бори, иако нејзината физичка состојбата се влоши, тоа е она што го направивме“, рекол докторот, додавајќи дека Шенон имала ограничени опции, но таа сè уште не сакала да се откаже.
„Немаше ниту дискусија за тоа, бидејќи Шенон не живееше така. Таа беше неверојатен борец во секој сегмент од животот“, заклучил тој.