Фото: Pixabay / Anna Capictures

Докторка откри на која група луѓе најмногу влијае промената на летното сметање на времето

Ноќта помеѓу 30 и 31 март ги поместуваме стрелките за еден час нанапред и преминуваме на летно сметање на времето.

Летното сметање на времето започнува во 2 часот наутро в недела, така што тоа утро ќе имаме еден час сон помалку. Некои луѓе се обидуваат да се подготват за летното сметање на времето со тоа што легнуваат малку порано две или три ноќи однапред. Со оглед на тоа што на повеќето луѓе веќе им недостасуваат препорачаните седум часа ноќен одмор, може да биде тешко да се израмнат.

Мозокот има главен часовник кој се прилагодува со изложување на сончева светлина и темнина. Овој деноноќен ритам е 24-часовен циклус, кој одредува кога станувате сонливи и кога сте будни. Моделите се менуваат со возраста, што е една од причините зошто младите луѓе кои мора да станат рано тешко се будат.

Утринската светлина го ресетира часовникот. До вечер нивото на хормонот мелатонин почнува да расте, што предизвикува сонливост. Премногу светлина во вечерните часови предизвикана од дополнителниот час во текот на летното сметање на времето го одложува тој бран и циклусот станува несинхронизиран.

Зошто една навидум мала промена влијае на нашето здравје и дали следните неколку дена ќе ни бидат доволни да се подготвиме?

За ова зборувала д-р Бисерка Обрадовиќ за телевизија „Пинк“, која потсетила дека летното сметање на времето е воведено на 27 март 1983 година.

– Сега ќе спиеме еден час пократко, нашиот организам има свој биоритам што го почитува. Недостигот од тој еден час, пред сѐ, ќе влијае на метеоропатите и хроничните пациенти кои пијат терапија во одредено време – навела д-р Обрадовиќ за „Пинк“.

Како што истакнала докторката, оваа летна промена на времето полесно се поднесува.

– Има повеќе сонце, деновите ни се подолги и тоа влијае на нашето расположение, но и на нашето здравје. Сонцето влијае на лачењето на малтонин и сератонин, па полесно ќе ја поднесеме оваа промена – објаснила д-р Обрадовиќ.

Сепак, оваа промена може да го наруши сонот на луѓето.

– Потешко ќе заспиваме, сонот не е толку добар како што е, почесто ќе се будиме – предупредила докторката и нагласила дека на организмот му требаат неколку дена за да се прилагоди.

Добро е, напоменала таа, да се подготвиме за летното сметање на времето во однос на усогласената терапија.

– Може да се појави и лоша концентрација, промена на расположението, раздразливост – истакнала д-р Обрадовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот