Дојавите за бомби биле лажни, белградскиот аеродром повторно отворен за сообраќај

Откако било утврдено дека дојавите за поставени бомби се лажни, авиосообраќајот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ вечерва од 22:30 часот повторно е воспоставен, пренесува српскиот медиум „Н1“.

Антитерористичката единица на полицијата ги извршила сите прегледи при што било утврдено дека пријавите за поставени бомби биле лажни.

„Им благодариме на патниците за трпението и разбирањето, бидејќи нивната безбедност и безбедноста на персоналот се приоритет“, се вели во соопштението од белградскиот аеродром.

Вечерва, од 19:15 часот, белградскиот аеродром беше затворен за сообраќај откако пилотите во авионот на компаниите „Ер Монтенегро“ и „Визер“ добиле дојава за поставена бомба во нивните летала. За ова веднаш била известена полицијата, а патниците беа евакуирани.

Од компанијата „Визер“ информирале дека дојавата била испратена во моментот кога авионот се подготвувал за полетување.

„Компанијата ‘Визер’ потврдува дека на 29 февруари летот 4115 од Белград за Барселона добил анонимна закана за експлозивна направа во авионот додека се подготвувал за полетување. Авионот веднаш се вратил на оддалечена локација на белградскиот аеродром, каде сите патници и членови на екипажот биле безбедно евакуирани. Патниците беа превезени до терминалот. Надлежните органи ги вршат сите потребни проверки и воспоставени протоколи. Безбедноста и безбедноста на патниците и членовите на екипажот е највисок приоритет на ‘Визер’“, се вели во соопштението.

Дојдовните летови биле пренасочени кон аеродромите во Ниш, Темишвар и Загреб. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како патниците набрзина излегуваат од авионот додека стјуардесите им велат да го остават багажот во кабината и да излезат надвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

По излегувањето од авионот, луѓето трчале на аеродромската писта во темница, а видеата од социјалните мрежи покажуваат дека се евакуирани повеќе авиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот