
Договорот со Обединетото Кралство стигна пред пратениците
Целта на Спогодбата, која ќе трае 10 години, е да воспостави здружување за поддршка на реализација на инфратсруктурни проекти, во секторите, транспорт, здравство, технологија, енергетика и други значајни сектори во Република Македонија.
Пред пратениците денеска е договорот со Велика Британија, откако вчера попладне влезе во собраниска процедура.
Препорачано
Нацрт-законот за заверка на Спогодбата меѓу владите на Македонија и на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за партнерство за остварување на инфраструктурни зафати денеска е ставен на дневен ред на собраниската Комисија за надворешна политика, како и на 52. пленарна седница.
По постигнатиот договор за стратешко здружување со Обединетото Кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стамер, што го соопштија на средба во Тирана на 18 мај, одржана во склоп на Самитот на Европската политичка заедница, македонската Влада на седница на 20 мај го одобри текстот на Спогодбата со кој е утврдено партнерство за остварување на инфраструктурни проекти, а Предлог-законот за негова заверка вчера беше доставен до Собранието.
Целта на Спогодбата, која ќе трае 10 години, е да воспостави здружување за поддршка на реализација на инфратсруктурни проекти, во секторите, транспорт, здравство, технологија, енергетика и други значајни сектори во Република Македонија.
Планираните зафати со Спогодбата се изградба и реновирање на железничкиот Коридор 10 од Табановце до Гевгелија кој приближно како што изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Никооски, би требало да чини околу милијарда и 900 милиони евра до две милијарди евра, како и изградба на Клиничката болница, Медицински факултет и Студентски дом во Штип, целосно реновирање на Клиничката болница во Тетово и изградбата на нова болница со нов здравствен дом во Кичево, околу 200 милиони евра.