Фото: Јована Мојсоска / Фејсбук

Договорот со Британија Николоски го потпишал под непостоечката функција „потпретседател на РСМ“

Во договорот со Велика Британија, кој минатата недела во Лондон го потпиша вицепремиерот Александар Николоски, пишува дека е потпишан од „заменик-претседателот на Република Северна Македонија, во име на Владата на Република Северна Македонија“ – пратеничката на Левица Јована Мојсоска објави фотографија од погрешниот опис на функцијата на потписникот на договорот меѓу владите на Македонија и Обединетото Кралство.

Мојсоска вели дека власта планира ова да го коригира со фуснота.

„Во брзање да го шверцуваат британскиот кредит, власта го згрешила преводот и ставиле ЗАМЕНИК-ПРЕТСЕДАТЕЛ на Републиката (наместо заменик-Претседател на влада). „Историскиот“ договор во меѓународниот правен поредок е потпишан со титула која не постои во нашиот правен поредок, па сега власта ќе го корегира со фуснота“, пишува пратеничката во објава на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот