Фото: МИА

Додик предложил референдумот во Република Српска да се одржи на денот на предвремените избори

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денес потврди дека СНСД ќе учествува на предвремените претседателски избори во Република Српска и ќе номинира кандидат по консултациите со коалициските партнери.

„Верувам и сум многу решен да ја следам политиката што досега ја бранеше Република Српска. Овие политики покажаа дека СНСД и јас не ја зедовме предвид нашата лична удобност и дека го браневме имотот на Република Српска и нејзиниот статус. Го браневме она што беше создадено во 1992 година“, рече Додик.

Тој нагласи дека треба да се одржат предвремени избори за претседател на Република Српска за да се спречи обид за уништување и дестабилизација на Република Српска.

„СНСД треба што поскоро да му предложи на Народното собрание на Република Српска одлука за избор на вршител на должноста претседател на Република Српска до предвремените избори, а можеби и подолго“, рече Додик на седница на Главниот одбор на СНСД.

Одлуката за одржување предвремени избори од страна на СНСД беше донесена едногласно.

Тој нагласи дека со учеството на изборите и одлучувањето кој ќе биде претседател, се движиме кон целта за затворање на ОХР и исклучување на Кристијан Шмит.
Додик рече дека сè повеќе пријатели во светот ја разбираат ситуацијата во која се наоѓа Република Српска.

Прашањето, рече тој, е каде би била Република Српска денес ако не беше СНСД.

„Победата на нашиот кандидат на овие избори за една година е одраз на нашата сила и сериозна подготовка, а тоа е една од причините зошто мора да размислуваме за учество на избори“, рече претседателот на Република Српска.

Тој додаде дека СНСД отсекогаш била партија која имаше идеја.

„Никогаш нема да се случи еден поединец да ја пишува историјата овде, туку секогаш ќе ја пишува оваа политичка партија (СНСД)“, рече Додик, предлагајќи референдумот во Република Српска, закажан за 25 октомври, да се одржи на истиот ден со предвремените претседателски избори што ги распиша Централната изборна комисија на БиХ откако му го одзеде мандатот, односно на 23 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот