Милорад Додик / Фото EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Додик порача дека неговата партија СНСД нема да учествува на изборите распишани од Централната изборна комисија на БиХ

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, денес во Бања Лука истакна дека оваа политичка партија нема да учествува на изборите објавени од Централната изборна комисија на БиХ, бидејќи ги почитува заклучоците на Народното собрание на Република Српска.

„СНСД нема да учествува на изборите бидејќи ги почитува заклучоците на највисоката законодавна институција на Република Српска“, рече Додик на седницата на Главниот одбор на Републичката младинска организација на СНСД, објави Срна.

Тој верува дека ниту коалициските партнери на СНСД нема да учествуваат на изборите.

ЦЕЦ БиХ претходно денес со мнозинство гласови одлучи дека предвремените избори за претседател на Република Српска ќе се одржат на 23 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот