Милорад Додик / Фото: ЕПА

Додик побара од Москва да помогне во затворањето на Канцеларијата за меѓународниот претставник Шмит во БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека побарал од највисоките руски функционери во Москва да го искористат своето влијание за да помогнат во затворањето на Канцеларијата за високиот меѓународен претсавник  во Босна и Херцеговина.

Додик изјави дека ја замолил Русија и дека со своето влијание и контакти во ОН, влијае да се потисне хаосот што постојано го создава Кристијан Шмит, кој е неовластен висок претставник.

„Она што го прави може фундаментално да го загрози Дејтонскиот договор и да доведе до распад на БиХ преку неуспех на заедничките институции“, рече Додик на прес-конференција во Москва по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој рече дека треба да се реши прашањето за функционирањето на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, во кој странските судии, со поддршка на Бошњаците, играат клучна улога.

„Тие го менуваат уставниот поредок во Босна и Херцеговина и постојано и неоправдано ги обвинуваат Србите за тоа“, додаде Додик.

Тој рече дека Србија е за враќање на оригиналниот Дејтонски договор.

„Немаме ништо против хрватскиот народ да добие свој или трет ентитет во рамките на Федерацијата на Босна и Херцеговина. Тоа би било фер“, додаде Додик.

Тој нагласи дека Република Српска ќе продолжи да соработува со Русија, на која Босна и Херцеговина никогаш не ѝ вовела санкции благодарение на Република Српска, иако Бошњаците го сакале тоа.

„БиХ никогаш не донела одлука да воведе санкции во Русија. Благодарен сум на Русија и нејзиното раководство, предводено од претседателот Владимир Путин, за нивната соработка. Тие ја знаат ситуацијата овде и се посветени на мирно решавање на проблемот, почитувајќи ја БиХ, која се состои од два рамноправни ентитети и три конститутивни народи во БиХ“, рече Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот