Кристијан Шмит, Милорад Додик/ Фото EPA

Додик: Отфрламе секаков приговор за легитимитетот на новата Влада на Српска

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик,  изјави дека на денешниот партиски состанок е отфрлен секаков приговор за легитимитетот на новата Влада на Српска.

„Очекуваме новиот состав на Владата да ги засили активностите во врска со афирмацијата на Српска како страна во уставниот договор“, рече Додик на прес-конференција во Бања Лука по седницата на Извршниот комитет, а потоа и седницата на Претседателството на СНСД.

Очекуваме, рече Додик, дека Владата ќе продолжи со програмата за отфрлање на Кристијан Шмит како лажен висок претставник.

„Не го прифаќаме она што го правеше во минатото. Тоа беше анти-Дејтон…“, рече Додик и додаде дека Бошњаците ги спроведоа тие нелегални одлуки на странецот преку институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот