Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Додик: Ќе се обидам да го убедам Путин за поддршка за независност на Република Српска

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека ќе побара од рускиот претседател Владимир Путин поддршка за референдум за независност на РС.

„Путин досега секогаш стоеше зад Дејтонскиот договор и интегритетот на БиХ. Но, многу работи се променија и ќе се обидам да го убедам да ја поддржи нашата позиција. Не знам дали ќе успеам, но сигурно ќе разговарам за тоа,“ рече Додик.

Во интервју за руската служба на Би-Би-Си, тој додаде дека референдумот е легитимно право на народот да се изјасни за клучни прашања, нарекувајќи го „цивилизациско достигнување што му припаѓа и на српскиот народ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот