„Никола Младенов“ награда за 2024 / Фото: Македонски институт за медиуми

Доделени новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година, меѓу пофалените новинарката на „Слободен печат“ Мирослава Симоновска

Новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Симоновска доби пофалница за истакнат новинарски ангажман во категорија „Најдобра истражувачка сторија“ за текстот „Тројца лекари од Македонија жртви на дезинформации со кои фирмата „Монад Плуг“ се богатела, на сметка на здравјето на луѓето“

Македонскиот институт за медиуми денеска ги додели новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година.

Наградите беа доделени во три категории: најдобра истражувачка сторија (прва, втора и трета награда), најиновативен новинарски производ и најдобра репортерска фотографија.

Серијалот истражувачки стории за тендери во енергетски сектор објавени на емисијата КОД ја добија првата новинарска награда. Како второрангирана најдобра истражувачка сторија на конкурсот се избрани серија текстови за Државна Лотарија објавени на Радио Слободна Европа од новинарот Петар Клинчарски. Третата награда ја доби Истражувачката репортерска лабораторија за истражувањето „Украдени животи“.

Награди Никола Младенов / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Наградата најиновативен новинарски производ годинава ја подели тимот на ИРЛ за новинарскиот проект мобилна редакција Кичево и тимот на КОД за видео сторијата посветена на грабнувањето и убиството на малата Вања.

Наградата најдобра репортерска фотографија замина во рацете на фотографот Ѓорѓи Личовски, за фотографијата „Ловец на Метеори“.

Беа доделени и повеќе пофалници за истакнат ангажман. Новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Симоновска доби пофалница за истакнат новинарски ангажман во категорија „Најдобра истражувачка сторија“ за текстот „Тројца лекари од Македонија жртви на дезинформации со кои фирмата „Монад Плуг“ се богатела, на сметка на здравјето на луѓето“.

Тројца лекари од Македонија жртви на дезинформации со кои фирмата „Монад Плуг“ се богатела, на сметка на здравјето на луѓето

Пофалници беа доделени и на новинарите Мери Јордановска и Антонија Јаневска, Билјана Николовска Тодорова, Александар Димитриевски, Александар Методијев и Сузана Мицева.

Награди Никола Младенов / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ ги доделува традиционално од 2001 година, а од 2013 година наградата го носи името на угледниот новинар и сопственик на неделникот Фокус, Никола Младенов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот