Вагнер група принтскрин јутјуб

Додека Украинците слават ослободување на Херсон, „вагнеровци“ се утврдуваат на фронтот

Додека Украинците го слават ослободувањето на Херсон, руската паравоена милитантна група „Вангер“ составена од платеници од Русија и од странство, објави дека во два руски окрузи, покрај границата со Украина гради силни воени утврдувања за „одбрана на земјата од непријателот“. Имено во соопштението на оваа група се наведува дека припадниците на оваа приватна војска која и служи на руската армија, ќе започне со воена обука на населението, за како што велат одврана од непријателот. Во исто време лидерот на „Вагнер“ шеесет и едно годишниот Евгениј Пригожин истакна дека „вагнеровци“ почнуваат со својата, како што рекол, нова активност, градејќи ги првите две утврдувања кај градот Белгород и кај Курск, за кои руската воена пропаганда со месеци зборува дека се постојано изложени на „украински напади“.

Приватна воена компанија за државни интереси?

Инаку изјавата на Пригожин доаѓа откако пред една недела во Санкт Петербург тој отвори центарот за логистика „Вагнер центар“ и објави дека паравоената организација ја претвора во воена компанија во која тој станува воен менаџер. Станува збор за позиција која овој милијардер, за кого до скоро се знаеше како за „куварот на Путин“, настојува да му ја наметне на рускиот претседател како модел што би требало да се примени и на руската војска, која во текот на осуммесечното војување против Украина ги покажа сите свои слабости.

Западните медиуми се уште анализираат дали ваквиот совет ќе помине во Кремљ, или не, но факт е дека Пригожин кој од порано е близок до Путин, сега станува се повеќе влијателен во земјата. За него се зборува како за еден од новите водечките советници на претседателот врз кого има се поголемо влијание. Тој според пишувањата на светските новински агенции е единствен овластен јавно да зборува и да ги критикува состојбите во војната и случувањата околу војската во Украина, како што тоа се случи по признанието на Москва за крахот на рускиот команден кадар кај Херсон, кој дозволи триесет илјадна војска да се најде опколена.

Вагнер во Украина /Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Се отвораат воени кампови за цивили

Во меѓувреме лидерот на „Вагнер“ не се пресметува со другата страна, туку своите критики ги насочува кон руската војска, а посебно кон министерството за одбрана. Токму во тој контекст Пригожин ја нуди својата воена компанија , како урнек, за воено менаџирање, па немасто тоа да го прави армијата на Русија, тој гради воени утврдувања покрај украинската граница. Во исто време, почнува и воена обука на населението во руските погранични зони, свртени кон Украина, што исто така, би требало да биде работа на министерството и на војската, пишуваат дел од западните медиуми.

„Приватната воена компанија „Вагнер“ помага за обука на населението и за подготовка на луѓето за одбрана на земјата“- се наведува во соопштението на групата Вагнер.

Паравоени единици за подршка на руските сили

Инаку слободата на дејствување и на однесување која се повеќе ја стекнува Пригожин, поранешен осуденик кој десет години од животот има поминато во руски затвор, најмногу за грабежи и кривични дела, доаѓа после големата улога што „Вагнер“ ја има добиено и успешно одиграно во Источна Украина. За потсетување уште во 2014 година , со изведување на сепаратистичкиот бунт во Луганск и Донецк по кој овие две области прогласија отцепување од Украина, со помош на платеници, меѓу кои и од Балканот, „вагнеровци“ му помогнаа на Путин , без директното вклучување на руската војска, да се почне со растурање на територијалниот интегритет на Украина. Од тогаш, па се до денес меѓународната заедница зборува за платеничката војска на Путин која освен во Донбас дејствуваше за потребите на руската политичка стратегија на разни страни во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот