Овесна каша со овошје и ленено семе / Фото: Pexels

Додајте ја оваа моќна намирница во вашиот појадок за природно да го намалите крвниот притисок

Бројни животни навики, како недостаток на физичка активност, прекумерно консумирање алкохол, пушење и исхрана богата со натриум, можат да придонесат за зголемен крвен притисок. Но, дали знаевте дека и прескокнувањето на појадок може да го зголеми ризикот од хипертензија?

Според истражување објавено во 2022 година, лицата кои редовно го прескокнуваат појадокот имаат за 20 отсто поголем ризик од висок крвен притисок во споредба со оние што редовно појадуваат, пишува „Живим“.

Секако, тоа не значи дека веднаш штом се разбудите треба да изедете неколку крофни и пржена сланина, туку да појадувате паметно. Појадокот не само што го активира метаболизмот по ноќното гладување, туку може да помогне и во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта и да го намали вкупниот внес на калории во текот на денот. Редовното појадување, исто така, може да има позитивно влијание врз крвниот притисок.

Ленено семе / Фото: Pexels

Додавањето ленено семе во исхраната дополнително може да помогне во намалување на крвниот притисок. Истражување објавено во списанието „Клиникал нутришн“ покажа дека консумирањето производи од лен значително го намалува систолниот и дијастолниот крвен притисок.

Лененото семе е богато со растителни влакна, омега-3 масни киселини и лигнани, кои заедно придонесуваат за здравје на срцето. Може да додадете една лажица меленo ленено семе во овесна каша, јогурт или смути. Исто така, можете да го вметнете во тесто за леб, мафини или палачинки.

Колку подолго консумирате ленено семе, толку се подобри резултатите. Тие можат да помогнат и во намалување на телесната тежина. Студија од 2022 година објавена во списанието „Експлор“ покажала дека луѓето кои додавале по 30 грама (околу четири лажици) ленено семе дневно во својата исхрана, за 12 недели изгубиле килограми и го намалиле нивото на холестерол.

Важно е да се напомене дека лененото семе е најдобро да се консумира мелено, бидејќи телото така полесно ги вари и апсорбира неговите хранливи состојки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот