Архива Фото: Град Скопје

Дочек на Новата година на плоштадот „Македонија“, во Кисела Вода и во Шуто Оризари

Во Скопје денеска ќе се одбележи пречекот на Новата година со богата музичка програма на неколку локации низ градот.

На Плоштадот „Македонија“, Град Скопје традиционално организира новогодишен концерт кој оваа година го носи името „Празнична магија 2025“. Настанот ќе започне со Сара Мејс во 19.30 часот, по неа ќе следат Љубојна, групата „Ареа“ и пред полноќ ќе настапат „Нокаут“.

Општина Кисела Вода, пак, организира новогодишен концерт исполнет со голем број изведувачи на платото пред спортската сала „Расадник“.

Концертот ќе почне во 20 часот, а ќе настапат „Куку Леле“, „ДНК“, Врчак, Влатко Лозановски. Водител на вечерта ќе биде Игор Џамбазов, кој и ќе настапи со „Гуру Харе бенд“.

-Сите скопјани се добредојдени на организираниот пречек на Новата година кој ветува незаборавна забава и многу позитивна енергија – соопшти градоначалникот Орце Ѓоргиевски.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, ги покани сите жители на Скопје да ја пречекаат новата година на плоштадот на општината и најави новогодишна атмосфера од 12 часот до утринските часови на плоштадот во општината и богата програма исполнета со ромска музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!