
Добриот дух и енергијата не го напуштиле: Ентони Хопкинс (84) танцува за своите следбеници
Ова не е првпат актерот да ги забавува своите следбеници на социјалните мрежи…
Препорачано
Актерот Ентони Хопкинс во текот на својата долга кариера играше улоги кои му донесоа бројни престижни награди. Како што навлезе во деветтата деценија од животот, тој не е толку присутен на големиот екран, но затоа е активен на социјалната мрежа Инстаграм.
Големиот заводник во младоста, актерот кој сега има 84-години, покажува дека добриот дух и енергија не го напуштиле.
Имено, Хопкинс со своите следбеници на Инстаграм сподели видео од забава каде танцува на салса музика „како никој да не гледа“.
View this post on Instagram
Ова не е првпат актерот да ги забавува своите следбеници на мрежите. Тој еднаш играше во хавајска кошула и за време на пандемијата во 2020 година. Исто така, Селма Хаек објави видео на Инстаграм минатата година каде Ентони изведува „победнички танц“ откако го освои својот втор Оскар за најдобар главен актер – овој пат за неговата улога во филмот „Татко“.
View this post on Instagram
Да се потсетиме, актерот пред 47 години одлучи да му застане на патот на својот најголем порок – алкохолот. Пред две години Хопкинс за светските медиуми изјави:
„Пред 45 години доживеав предупредувачки повик. Одев во катастрофа, се опијанував до смрт. Тогаш си реков дека сакам да живеам и наеднаш ми олесна. Мојот живот стана неверојатен оттогаш“.