Фото: AS Roma

Добри вести од Рома за состојбата на фудбалерот кој колабираше на теренот

Фудбалерот на Рома, Еван Н’Дика колабираше на теренот за време на натпреварот против Удинезе. Тој се пожали на болки во градите и легна на тревникот, медиумите пренесуваа дека добил срцев удар.

Уште на теренот му беше укажана лекарска помош, а веднаш потоа и со помош на носилка изнесен надвор и пренесен во болница. Поради овие случувања натпреварот беше прекинат и не го дочека својот крај.

Рома сега објави добри вести за состојбата на Еван кој не е во животна опасност, но ќе мора да остане во болница на дополнителни тестови.

„Тимот го поседи Н’Дика. Еван се чувствува навистина добро и тој е расположен. Ќе остане во болница за дополнителни испитувања. Форца Еван“, објави Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот