Базен во Кисела Вода е/ Фото: Општина Кисела Вода

До крајот на мај Кисела Вода ќе добие затворен пливачки базен

Во Кисела Вода се гради затворен пливачки базен во основното училиште „Невена Георгиева Дуња“. Овој базен чија изградба беше во неколкугодишен застој, како што соопшти Општина Кисела Вода, ќе биде завршен кон крајот на мај.

Станува збор за базен од затворен тип со должина од 25 метри, ширина 9 метри и длабочина 1.2 метри односно 0.8 метри во останатиот дел.

Пливањето, како еден од најкомплексните спортови, има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации. Со оваа инвестиција, овозможуваме не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој денеска заедно со министерот за спорт Борко Ристовски беа во увид на градежните работи.

Тој истакна дека во изминативе три години Општина Кисела Вода направила значителни вложувања во спортската инфраструктура – обновивме и изградивме девет спортско-рекреативни центри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот