Фото: Пекселс/farhan-algifari

Дневниот влез во Венеција од догодина ќе чини 5 евра

Венеција одобри дневна наплата за туристите од следната година која ќе изнесува 5 евра. Пробниот тест период, од еден месец, ќе се спроведе за време на пролетните и летните викенди во 2024 година.

– Целта е да се обесхрабри дневниот туризам во одредени периоди, во согласност со кревкоста и уникатноста на градот – соопшти новинската агенција АП, повикувајќи се на градот. Надоместокот важи за сите туристи кои ќе дојдат во Венеција за тој ден и се на возраст над 14 години, иако сè уште не е јасно како градот планира да наплати, пренесува Каматица. Оваа одлука не се однесува на луѓето кои работат во Венеција или доаѓаат од блиските острови, како и за луѓето кои живеат во регионот Венето.

Во јули, експертите препорачаа Венеција да биде додадена на листата на места на светско наследство во опасност, велејќи дека италијанската влада не прави доволно за да го заштити регионот од климатските промени и ефектите на туризмот. Се проценува дека во Венеција живеат околу 50.000 луѓе во споредба со ордите туристи што доаѓаат секоја година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот