дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Дневен хороскоп за 12 септември: Не заборавајте да работите на односот со партнерот

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 12 септември, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Овни, сè ви оди добро, наскоро очекувајте пофалби од колегите. Ви се допаѓа вниманието на партнерот, не би било лошо да излезете некаде заедно. Не заборавајте да работите на вашиот однос, колку и да сте вљубени еден во друг.

Бик

Атмосферата на работа ве нервира. Не сте фокусирани, многу сте расеани. Не сте задоволни од развојот на ситуацијата на емотивен план. Не двоумете се, ќе биде подобро. Само мора да бидете трпеливи.

Близнаци

Колегите малку ви завидуваат на вашите одлични идеи. Игнорирајте ги злонамерните коментари и фокусирајте се на вашите работни задачи. Разговарајте со партнерот, разрешете ги несогласувањата во врската. Не дозволувајте неважни работи да ве скараат.

Рак

Вашата посветеност и педантност ве прават одличен лидер. Ова е добар деловен период за вас. Не грижете се за непотребни работи и уживајте во љубовта. Проверете ја крвната слика, во последно време се чувствувате без енергија.

Лав

Вашите соработници забележуваат колку труд вложувате во вашата работа. Ќе бидете наградени. Ќе мора да ја контролирате љубомората пред вашиот партнер и да не правите љубоморни сцени. Што се однесува до здравјето – ова е одличен период за вас.

Девица

Девици, не сте задоволни од моменталната ситуација на работа. Вие сте одличен работник, но вашите колеги не го следат вашето темпо. Тоа ве нервира. Кон средината на оваа недела ќе имате интересен состанок. Постои веројатност дека личност од минатото ќе ве контактира.

Вага

Ваги, вие интензивно размислувате за промена на деловното опкружување. Следете ги вашите соништа и не се плашете од неуспех. Само така ќе бидете среќни. Односот со вашиот партнер не е најдобар во последно време – разговарајте за проблемите во односот.

Скорпија

Скорпии, склони сте кон конфликти со луѓе од деловното опкружување. Не се избрзувајте и разговарајте со нив на смирен начин. Направивте промена во односот со партнерот, емоциите се посилни од што мислите. Денеска ќе имате зголемена главоболка.

Стрелец

Подолго време работите напорно, па ќе биде добро ако одморите малку. Оставете ги обврските на страна и испланирајте некое патување. Вашиот партнер е многу љубоморен, размислете дали овој однос вреди да се продолжи.

Јарец

Јарци, не го прифаќајте она што не е во ваша моќ. Фокусирајте се на оние нешта врз кои можете да влијаете и не ги слушајте советите од колегите за кои знаете дека не ви мислат добро. Што се однесува до љубовта, сè ви оди онака како што сте замислиле.

Водолија

Денеска ќе добиете пари за некои стари заслуги. Не се срамете да го побарате она што е ваше и го заслужувате. Лесно ќе ги надминете расправиите со партнерот, само внимавајте на зборовите што ги изговарате. За некои навреди – нема назад.

Риби

Фокусирани сте на деловниот напредок и решени сте да успеете во вашата работа. Врската со партнерот ви станува посилна, не дозволувајте да ве обземе љубоморна. Мора да му верувате, но и да си верувате на самите себеси дека сте доволно добар партнер за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот