Стефан Андоновски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ДКСК ќе истражува како татко му на Андоновски станал советник на Мицкоски, а брат му – началник во АНБ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска оформила предмет за министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, откако беше откриено дека неговиот татко Љупчо Андоновски станал советник на премиерот Мицкоски, а неговиот брат, Игор Андоновски, на крајот на декември бил назначен за началник на најголемиот, скопскиот сектор во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), објави „Телма“.

На прашањето од телевизијата упатено до претседателката на ДКСК, Татјана Димитроовска, генералниот секретар на Антикорупциската комисија, Адем Чучуљ, одговорил дека предметот е отворен по допрен глас и оти ќе се испитува концентрацијата на функции во семејството Андоновски.

Таткото на министерот, Љупчо Андоновски, во 2015 година беше назначен за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (од која подоцна произлезе АНБ), на местото на Сашо Мијалков. Функцијата ја напушти кога се пензионираше. Имињата на советниците на премиерот Мицкоски станаа познати пред осум дена, а иако повеќе медиуми ја забележаа концентрацијата на функции кај тројца членови на едно семејство, Антикорупциска отвори предмет дури откако деновиве за тоа две прес-конференции одржа опозицискиот СДСМ.

Татко на министер и поранешен директор на УБК кој го именуваше Заев ќе го советуваат Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот