Дивоградбата кај „Мавровка“ се урива, Алити се закани со тужби

Вчера претпладне ЈП „Македонија пат“ почна да го урива бесправно изградениот објект кај ТЦ „Мавровка“, што се градеше на местото на изгореното кафуле „Фонтана“. Одлуката за тоа кој ќе го урива, ја донесе Владата на својата прва седница во нов став, откако претходно Општина Чаир безуспешно се обидуваше да најде фирма што ќе ја урне дивоградбата.

За првпат во јавноста се огласи и сопственикот Мевљудин Алити, во придружба на адвокати, кој тврди дека објектот што го гради не е дивоградба, обвини дека некој сака да му го земе и најави тужби. Тој се повика на член 76 од Законот за градба, со појаснување дека за обнова на објектот нема потреба од дозвола за градба.

Алити рече дека ги има сите документи за градба. Неговиот план бил да го обнови кафулето, за кое рече дека и ден-денес не знае зошто од порано е мета на напади. Па дури и се понуди да му го подари објектот што се урива на оној што сака да му го земе.

– Градам со елаборат и проект. Само за комуналии и такси на Градот сум платил над 4,7 милиони денари за легализација. Политиката уриваше порано и ќе руши и сега – изјави Алити.

За уривањето на дивоградбата во „Мавровка“, градоначалникот Петре Шилегов смета дека треба да биде пример за сите што сметаат дека со беззаконие можат да направат бенефит, но е и пример дека владее правната држава.

Тој ги охрабри општинските власти да влезат во неприкосновена борба со дивоградбите, затоа што треба да се остане коректен со совесните инвеститори што плаќаат сметки и даноци на државата.

– Ги охрабрувам општинските власти на сите општини во Градот, не само во Чаир, да влеземе во неприкосновена борба со дивоградба затоа што не сме коректни кон совесните инвеститори. Совесните инвеститори, луѓе што ги плаќаат сметките, даноците, комуналиите кон државата, ги ставаме во нерамноправна положба, а ние тоа како власт не смееме да го дозволиме – рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!