Зградата на МВР/Фото: Димитриј Богдановски / Google Maps

Дисциплинска постапка за 11 велешки полицајци – не постапувале по пријавите на Росица

Против 11 вработени во СВР Велес ќе биде поднесена дисциплинска постапка поради тоа што не постапиле целосно и согласно процедурите по дел од пријавите што до велешката полиција ги поднесувала Росица Коцева, која беше убиена од својот поранешен партнер.

Министерството за внатрешни работи информираше дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди извршило детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева.

„Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и кривична пријава против пријавениот, која заврши со условна пресуда во судска постапка. Сепак, внатрешната контрола утврди дека во дел од претходните пријави на жртвата не било постапено целосно согласно законските обврски и процедурите.

Врз основа на извршените проверки поднесен е предлог за поведување на дисциплинска постапка за 11 лица вработени во СВР Велес, а за утврдените наоди писмено е известено и Јавното обвинителство за натамошно постапување во рамки на нивната надлежност“ соопшти МВР.

Во јавноста се прошири фотографија од наводна смс-порака упатена од страна на Росица кон министерот Тошковски, а во која таа барала помош и заштита поради заканите по нејзиниот живот кои ги добивала од поранешното момче. Тошковски ги отфрли таквите наводи, тврдејќи дека содржината на пораката не е веродостојна.

Патот кон фемицидот е поплочен со зафрлени поплаки во полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот