Авионите во акција/ Фото: Дирекција за заштита и спасување

Дирекцијата за заштита и спасување нема национална стратегија, а нема ниту квалификуван персонал

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) нема национална стратегија за заштита и спасување, а се соочува и со недостиг на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата. Ова, според извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), создава значителни ризици за безбедноста на земјата, особено во услови на природни непогоди и други несреќи, каде брзата и ефективна реакција е од клучно значење.

ДЗР изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на ДЗС за 2023 година.

– Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Со одлуки на Владата во 2005 година на ДЗС и се отстапени на користење вкупно 198 објекти (100 засолништа и 98 деловни простории – канцеларии, магацини, гаражи и друго). Во деловните книги се евидентирани 24 градежни објекти (12% од вкупниот број на доделени објекти), но за нив не беа презентирани имотни листови и документација за применетата методологија по која е извршена процената на нивната вредност. Во 2019 година ДЗС до Бирото за судски вештачења има доставено барање за извршување процена на 32 градежни објекта. Бирото доставило Процена на вредноста, но до денот на известување од извршената ревизија деловните објекти не се евидентирани во деловните книги на ДЗС – покажува ревизијата.

Според ревизијата, за останатите 142 градежни објекта (72% од вкупниот број дадени на користење) не е почната постапка за процена на вредноста и евидентирање во деловните книги на ДЗС, иако за оваа состојба дадена е препорака и во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија за 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот