Фото: Слободен печат - Драган Митрески, Инстаграм / Колаж: Слободен печат.

Димовски на собраниска Комисија да даде одговори за пасошот на Онишченко, повика Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го повика претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски да свика седница на Комисијата на која директорот на АНБ, Виктор Димовски би требало да даде одговори за позитивното мислење за доделување македонски пасош на Украинецот Олександр Онишченко.

-Го повикувам претседателот на Комисијата за надворешни работи да свика Комисија каде што директорот на АНБ и предложен амбасадор да ги даде сите одговори на прашањата кои што ќе му бидат поставени, рече Ковачевски.

На денешната прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека Владата носи одлуки врз база на мислења од институции.

– При доделувањето на конкретното државјанство беа доставени сите позитивни мислења од сите институции кои што требало да дадат мислење и врз основа на тоа министрите се изјаснуваат, а со оглед дека сите документи биле со позитивни мислења од сите институции, донесено е и позитивно решение. Секој министер дури и претседател на Влада, не може да ги знае процедурите во секоја институција, а овде биле вклучени четири институции. Очекувам таков извештај да биде доставен до Владата за да можеме да видиме на кој начин биле изработени тие мислења, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!