Фото: FC Pelister Bitola

Димитар Капинковски веќе не е тренер на ФК Пелистер

Фудбалскиот клуб Пелистер денеска ја известува јавноста дека се раздели со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски.

Клубот му се заблагодарува на Капинковски за ангажманот и професионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата.

Во првите девет натпревари Пелистер оваа сезона запиша две победи, еден нерешен резултат и шест порази.

Во понеделникот Пелистер ремизираше без голови (0:0) против актуелниот шампион Шкендија. Пелистер моментно во Првата лига се наоѓа на 10 позиција со седум бодови.

Битолскиот клуб воедно најавува дека деновиве ќе го промовира новиот тренер на екипата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот