Макстил/ Фото Архива на Слободен печат

Димитар Цветковски, претседател на Одборот на директори на „Макстил“: Ќе си ги бараме парите за солидарниот данок

Компанијата „Макстил“ ќе си ги бара парите кои ги плати за солидарниот данок, сега и веднаш, иако рокот за поврат може да се развлече на пет години, изјави за „Слободен печат“, Димитар Цветковски, претседател на Одборот на директори на „Макстил“. Занејќи ја состојбата на државниот Буџет, Цветковски, додаде дека нема да бараат камата, бидејќи не сакаат да нанесуваат дополнителни штети на државата, како компанија која работи овде. Да потсетиме дека овој челичен гигант ја плати највисоката сума од околу 4,3 милиони евра на име на солидарен данок.

– Ќе си ги бараме парите, кои според нашата проценка неоправдано го плативме. Ја поздравуваме одлуката на Уставниот суд, но и Владфата која не се мешаше во правната разврска. Ја знаеме состојбата на државниот Буџет и нема да бараме камата за да не нанесеме дополнителни птети, бидејќи ние сме компанија која работи во земјава – објасни Цветковски.

Во однос на најавените царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум, најавена од американскиот претседател Трамп, Цветковски, рече дека тие уште од 2018 година ја имаат оваа царина, но лошо ќе биде доколку ЕУ возврати со контрамерки.

-Околу 60 до 70 отсто од нашиот производ се извезува на европскиот пазар, така што ќе биде лошо ако ЕУ возврати со контра царини, кои би го поскапеле нашиот извоз- додаде Цветковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот