
Диди се огласи на судот, идната недела пресуда: Почитуван судија…
Обвинителството го заврши својот случај против музичкиот могул Шон Диди Комбс во седмата недела од неговото судење за трговија со луѓе. Диди е обвинет за трговија со луѓе со цел проституција и рекетирање, а како што објавува „Вариети“, обвинителството деновиве го заврши својата изложување на случајот. Комбс тогаш се обратил, а тоа било, како што наведуваат, „најдолгото што некогаш досега го зборувал на суд“.
Препорачано
Судијата Арун Субраманијан го прашал Комбс како се чувствува додека чекал музичкиот могул, облечен во кафеав џемпер врз белата блуза, да се изјасни дали ќе сведочи или не.
– Одлично сум, почитуван судија. Чекав да ви кажам благодарам. Одлично ја вршите работата – му рекол Комбс на судијата.
Субраманијан се насмевнал и му рекол на Комбс: „Ви благодарам, го ценам тоа“, пред да потврди со Комбс дека е со бистар ум и не е под дејство на никакви наркотици.
Судијата го прашал Комбс дали ја разбира својата опција да сведочи и дека на поротата ќе ѝ биде наложено да не извлекува никакви заклучоци ако одлучи да не го стори тоа.
– Да, почитуван судија – одговорил Комбс, кој на крајот му рекол на судијата дека одлучил да не сведочи.
Овие денови и обвинителството и одбраната ќе ги изнесат своите завршни аргументи, а поротата би требало да донесе одлука следната недела. Доколку биде осуден, Комбс се соочува со доживотна казна затвор.
– Тоа е целосно моја одлука. Односно, таа одлука ја донесов во согласност со моите адвокати – рекол музичарот.
Комбс претходно се изјасни дека не е виновен за обвиненијата што му се ставаат на товар. Претходно на рочиштата, неговата адвокатка рече дека „нема доволно докази“ за да се прогласи Комбс за виновен.
Нови шокантни детали на судењето на Диди, еден сведок го обвини и Харви Вајнштајн