Шон Комбс - Диди / Фото: EPA/PAUL BUCK

Диди повторно обвинет за сексуален напад: Маж тврди дека раперот го принудувал да зема дрога и да орално да го задоволува

Недолго откако неодамна беше осуден за организирање превоз со цел проституција, контроверзниот рапер Шон Комбс Диди е обвинет за уште еден прекршок. Имено, анонимниот маж во тужбата тврди дека раперот го принудил да зема кетамин во септември 2020 година додека бил на состанок за проектот на Ноторијус Би-Ај-Џи.

Мажот во тужбата тврди дека тој, Диди и неколку други биле во магацин во Лос Анџелес, каде што се чувала облеката на покојниот рапер. Тој понатаму наведува дека Диди ги принудил присутните да консумираат дрога, што предизвикало поединци да почнат да трчаат низ магацинот.

Во тужбата се наведуваат и други детали, како што е фактот дека мажот бил сам во истата соба со раперот, кој потоа гледал порнографија на својот мобилен телефон. Недолго потоа, Диди зел една од старите кошули на Ноторијус Би-Ај-Џи и почнал да мастурбира пред него.

Човекот тврди дека Диди се насмеал и наводно му ја фрлил облеката со сперма во скут и рекол: „Почивај во мир, Биги“, пред да ја напушти собата.

Патем, раперот бил убиен во март 1997 година на само 24 години.

Во тужбата се наведува и уште еден наводен инцидент со Диди. Човекот тврди дека Диди му го турнал половиот орган во лицето во 2005 година и му рекол да му угоди. Во врска со ова, тој го тужи за намерно нанесување емоционална болка и сексуална злоупотреба.

Потсетуваме дека минатата среда, раперот конечно ја дознал спресудата по двомесечно судење за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.

Тој бил ослободен од две точки на обвинението за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација со сила, измама или принуда и заговор за извршување рекет. Сепак, тој беше осуден за организирање превоз со цел проституција и се соочува со затворска казна до 10 години.

По читањето на пресудата, неговиот правен тим го повика судијата Арун Субраманијан да го ослободи со кауција до изрекувањето на пресудата. Субраманијан го отфрли барањето бидејќи неговите адвокати не успеаја да докажат дека тој „не претставува опасност за никого“. Рочиштето е закажано за 3 октомври, пренесува „ТМЗ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот