Диди во филмот „Топката на чудовиштето“ / Фото: Lions Gate Collection / Everett / Profimedia

Диди бара да излезе од затвор: Раперот повторно нуди 50 милиони долари за својата слобода

Американскиот рапер Шон Комбс – Диди поднесе ново барање за кауција до федералниот суд на Менхетен за да биде ослободен од затвор во очекување на судењето во мај за обвиненијата за трговија со луѓе и рекетирање, поради променетите околности, заедно со новите докази, пренесува „АП“.

Во новата судска пријава, адвокатите на Диди предлагаат нивниот клиент да биде ослободен со кауција од 50 милиони долари, како и да биде подложен на континуиран високобезбедносен надзор и речиси целосни ограничувања за контакт, освен неговите адвокати.

Висината на кауцијата останува на 50 милиони долари, како и во претходните предлози. Судиите претходно ги одбија неговите претходни барања за кауција на Комбс по неговото апсење во септември под обвинение за рекет и трговија со луѓе.

Тој се изјасни за невин по обвиненијата дека со години сексуално злоставувал жени со помош на мрежа на соработници и вработени, притоа замолчувајќи ги жртвите со уцени и насилство, вклучително и киднапирање и тепање.

Диди е задржан во федералниот затвор во Бруклин во очекување на судењето на 5 мај. Адвокатите тврдеа дека затворските услови што тој ги доживува во притворскиот центар Метрополитен во Бруклин ги кршат неговите уставни права да учествува во неговата одбрана.

На 28 октомври, против него беа поднесени уште две нови обвиненија во Врховниот суд на државата Њујорк за дрогирање и сексуален напад на 10-годишно момче во хотелска соба во Њујорк во 2005 година, како и за слични напади на 17-годишен старо момче во 2008 година. Двете нови тужби се најнови во низата тужби поднесени против Диди за сексуални напади на неговите забави и состаноци во изминатите две децении.

ВИДЕО | Диди го прослави роденденот „зад решетки“ и доби емотивен повик од децата: „Се гледаме за неколку дена“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот