фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Ди Марија ќе игра заедно со Меси и во Ал Итихад?!

Откако се појави веста дека Лионел Меси одбил профитабилна понуда од Саудиска Арабија и дека кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами, во САД би можел да дојде уште еден фантастичен Аргентинец.

Во прашање е Анхел Ди Марија кој изминатиот период потврди дека си заминува од Јувентус.

Сепак, за Ди Марија приоритет останува Европа, а како што се наведува, една од можните опции е лисабонска Бенфика. А исто така, според познатиот новинар Фабрицио Романо, Интер размислува да го ангажира светскиот шампион.

Доколку реши да се пресели во МЛС лигата, во Интер од Мајами ќе му се придружи еден од најдобрите светски фудбалери и неговиот сонародник Лионел Меси.

Тие двајца беа соиграчи во ПСЖ, а како соиграчи во репрезентацијата на Аргентина успеаја да го освојат Купот на Јужна Америка во 2021 година и Светското првенство во Катар една година подоцна.

Од Јувентус се пресели во редовите на францускиот шампион ПСЖ, а покрај споменатите клубови, играше и за Реал Мадрид, Бенфика и Манчестер јунајтед. Оваа сезона за клубот од Торино настапи на 40 мечеви во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и седум асистенции.

Крај на сагата: Меси го потврди трансферот во Интер Мајами!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот