
Поранешната Бонд-девојка која денес полни 74 години, откри како еден телефонски повик ѝ го скршил срцето
Познатата британско-американска актерка Џејн Сејмур, е родена на 15 февруари и денес го слави својот 74-ти роденден.
Препорачано

Поранешната Бонд-девојка и ѕвездата од серијата „Докторката Квин“, пред неколку години беше на врвот од топ-листата најсекси актерки постари од 60 години, победувајќи ги колешките Хелен Мирен, Џејн Фонда и Сузан Сарандон. Веста за прогласувањето ја дознала кога била во кујната во својот дом:
– Ја оставив шолјата со чај и добро се изнасмеав, но таквата титула навистина ми ласка – призна Сејмур.
Со својот младешки изглед во седмата деценија од животот не престанува да ја воодушевува јавноста, а како што вели самата, тоа не е резултат на користење инјекции со ботокс или филери.
Пред десетина години Џејн призна дека ги зголемила градите, а денес тврди дека има иста тежина како на 15 години.

– И понатаму се чувствувам секси. Она што исто така дава сјај на моја возраст е водењето здрав живот и чувство на удобност во својата кожа, наместо да сте опседнати со минувањето на времето.
Во САД се преселила во 1976 година, а во текот на животот четирипати се мажела. За првиот сопруг Мајкл Атенбороу се омажила на 20 години, а по разводот останала во пријателски односи со него. Потоа среќата си ја побарала со Џефри Планер, со кој се развела откако тој решил дека не сака да живее во Америка.
– Првите два брака не ги ни сметам за такви бидејќи немавме деца – вели актерката и додава дека за вистински го смета бракот со Дејвид Флин, нејзиниот поранешен бизнис-менаџер.
Со него се омажила на 30 години, како што самата вели, бидејќи лудо се вљубила. Од бракот кој траел девет години, ги има ќерката Кејти и синот Шон. Разводот се случил откако открила дека ја изневерувал и ја оставил во тешка финансиска состојба.
– Кога дознав дека ги прокоцкал сите мои пари и дека ме изневерувал, тоа беше крај. Може да се каже дека избрав погрешна личност, но имавме деца кои ги обожаваме и поради нив денес добро се сложуваме – признава Џејн.
На 40 години станала самохрана мајка на две малолетни деца, соочена со финансиски колапс и милиони долари долгови кон разни банки. Како што ќе каже самата, била на дното, бездомничка, без пари и морала да прогласи банкрот.
– Тогаш му се јавив на мојот агент и му кажав дека ќе работам што било за да преживеам. На моите молби тој реагираше брзо и се јави во сите телевизиски куќи во Америка. Една од нив му кажала дека подготвуваат телевизиски проект и очекуваат да потпишам петгодишен договор, а со работа да почнам веднаш.

Улогата на докторката Квин во истоимената серија од 90-тите години ѝ помогнала во финансиската борба, па така успеала да ги врати долговите и да го купи домот во кој денес живее. По една година од разводот со Дејвид Флин, таа се омажила за актерот Џејмс Кич, а нивната љубов траела две децении. Станале родители на близнаците Кристофер и Џони, а брачниот живот го завршиле во 2015 година кога дознала за неговите неверства.
Во животот Џејн Сејмур се соочила и со сигурна смрт. Имено, на филмски сет во 1988 година преживеала анафилактичен шок, по инјекција со антибиотик.
– Мислев дека ќе умрам. Тоа грозно искуство длабоко влијаеше на мене и она што од него го извлеков како поука е дека ништо не е поважно од љубовта што ја делите со луѓето во својот живот – признава актерката.
Неодамна таа сподели необична љубовна приказна која започнала на снимањето на култниот филм „Некаде во времето“ од 1980 година.
Глумицата откри дека додека глумела вљубеност во споменатата драма, лудо се вљубила во нејзиниот колега Кристофер Рив, со кого глумела во филмот.
Иако претходно нивната врска ја нарече пријателство, дури после неколку децении реши да открие интересни детали од снимањето.
„Па, еве ја приказната што сега официјално ви ја раскажувам, бидејќи јас и Крис, кога го снимавме филмот, буквално лудо се заљубивме“, рече Сејмур, додавајќи: Бевме лудо вљубени и животот беше прекрасен“. И двајцата бевме слободни. Тоа беше фантастично и неверојатно искуство“.

Сепак, нивната врска тргнала по друг пат, исто како и приказната за Алис и Ричард од романтичната драма во која глумеле.
Џејн раскажа како целата илузија на голема љубов била разбиена во еден ден, кога еден повик довел до нивно разделување. Дознала дека нејзиниот партнер чека дете со поранешната девојка, а до ова откритие дошла токму кога требало да ја снимаат сцената на разделбата.
-И тогаш еден ден дојдов на работа за да снимам една од најголемите сцени во филмот. Непосредно пред тоа, луѓето од екипата ми рекоа: „Крис треба да разговара со тебе за нешто“.
„Се работеше за тоа дека треба да добие бебе, а неговата поранешна девојка не му го кажала тоа, а токму во тој момент таа ја објави веста на светот. А јас само повторував: „Не можеш да плачеш, не можеш да плачеш, не можеш да плачеш, среќна си. Елис е многу, многу среќна во моментов“.
По оваа необична романтична приказна, Џејн и Кристофер сепак останале во добри односи и изградиле вистинско пријателство.