Фото: Instagram / anicalazicofficial

Девојката на Лазар Ристовски првпат проговори за врската со актерот: И двајцата сакаме акција и брзо темпо

Актерката Аница Лазиќ доби големо медиумско внимание откако се дозна дека е во врска со 39 години постариот актер Лазар Ристовски. Таа знае често да сподели нивни заеднички слики на социјалните мрежи, а меѓу најновите се оние од Малдиви каде неодамна отпатуваа.

Како што рекла во интервјуто за „Ало“, последните седум месеци ги поминала на снимање на нова серија, па Лазар ѝ предложил да одат на краток одмор. Набрзо тие се одлучиле за Малдиви за што таа вели дека не зажалиле.

Фото: Instagram / anicalazicofficial

„Јас и Лазар имаме сличен темперамент и сакаме акција и брзо темпо, а на енергијата на Малдиви се навикнавме побрзо отколку што очекувавме“, изјавила Аница за „Ало“.

Актерката се вратила од ова егзотично патување полна со впечатоци, а убавите плажи и дружељубивите луѓе ја воодушевиле.

„Тоа е местото на најубавите зајдисонца. За изгрејсонцата не знаеме, бидејќи ги преспавме сите“, рекла таа, а потоа додала дека секаде оделе боси:„Шетавме без чевли по најситниот бел песок“.

Фото: Instagram / anicalazicofficial

Овој пар имал можност да запознае многу нови луѓе на Малдиви, но и да научи многу од локалното население.

„Од Малдивците можете многу да научите за природата и нејзиното зачувување, за односот кон животните кои живеат таму, за угостителството и топлината со која го третираат секој гостин. Жителите на Малдиви живеат во сегашниот момент, без стрес или брзање“, заклучила актерката.

Да потсетиме Лазар зад себе има еден брак и тоа со колешката Даница Ристовски, а сега многумина се интересираа дали ќе ја однесе пред олтарот и Аница на која, како што вели самата, бракот не ѝ е приоритет.

ФОТО | Лазар Ристовски се свршил со 39 години помладата девојка? Сите зборуваат за прстенот на раката на Аница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот