
Девојчето кое почина во Тетово претходно се лекувало во приватна болница, вели Алиу
Седумгодишното девојче кое викендов почина во Клиничката болница во Тетово, претходно еден ден било третирано во приватна здравствена установа, откри вечерва министерот за здравство, Азиу Алиу.
Препорачано
– Ние баравме од Државниот санитарен инспекторат да оди таму, и веќе имаме резултати оттаму, наодот ни е доставен официјално. Утре ќе имаме наша експертска група што ќе ги види и од клиничка гледна точка ќе го анализира целиот процес – рече Алиу во вечерашната „Топ тема“ на телевизија „Телма“.
Алиу појасни дека според патоказот за лекување, девојчето се лекувало во рамките на прописите, но и дека сепак се потребни уште проверки.
– Според тоа што го читав, остава простор за понатамошно следење на процесот. Рано е да се излезе со детали за случајот без притоа клинички, со наша група на експерти, да се анализира уште еднаш – додаде Алиу.
Инспектори влегоа во тетовската болница, испитуваат како и зошто починало 7-годишното девојче
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
59сек
-
7мин
-
8мин
-
30мин
-
41мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5