Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Детската болница „Козле“ остана без вода, пациентите ќе се примаат на други клиники

Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ во Скопје остана целосно без вода, поради што Министерството за здравство информира дека веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи.

„Оваа иницијатива е во насока на обезбедување континуитет во третманот и грижата за најмладите пациенти. Министерството за здравство ја следи состојбата и по нормализирање на водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, непречено ќе продолжи хоспитализацијата на пациентите во оваа јавна здравствена установа“ соопшти министерството.

Во Козле не станува збор за дефект туку, бидејќи болницата се наоѓа во висока зона, нема вода исто како и целата населба Водно.

Од болницата вчера соопштија дека од Водовод им донеле цистерни со техничка вода за да можат да функционираат, а за пиење добиле донации.

Состојбата со вода во Скопје е алармантна, граѓани се жалат дека немаат вода со денови и дека вака е секоја година.

Град Скопје: Проблем не е водата, проблем се оние што ја добиваат џабе и институциите што ги штитат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот