Детето од „Лазо Ангеловски“ ќе учи онлајн до крајот на полугодието

Ученикот од трето одделение од ОУ „Лазо Ангеловски“ во скопската населба „Ново Лисиче“ ќе биде префрлено на онлајн настава до крајот на првото полугодие, додека надлежните ќе вршат соодветна проценка за заштита на детето и останатите деца во одделението. Бојкотот на наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“ е прекинат и децата од вторник се враќаат во училишните клупи, одлучи вечерва Советот на родители.

Учениците од ова основно училиште пред два дена почнаа со бојкотот откако проблематичниот ученик, по неуспехот да се префрли во ОУ „11 Октомври“, каде што исто така имаше бојкот и тој беше вратен во ОУ „Лазо Ангеловски“. Родителите на соучениците на детето уште лани бараа тоа да се префрли во друго училиште.

Денеска во училиштето бил присутен тим составен од Центарот за социјални работи за разрешување и следење на состојбата со актуелниот проблем со третоодделенецот којшто имал насилно поведение. Родителите бараа детето да не биде физички присутно во училиштето. Тие барања, со решението за онлајн настава, се прифатени.

Во основно училиште „11 Октомври“, директорката тврдеше дека дала согласност за упис на детето по редовна постапка, ама се пишманила, затоа што добила информации за историјата на детето кои не ѝ биле претходно познати.

ФОТО | „Малиот тука ќе учи!“: Осамна транспарент во училиштето „Лазо Ангеловски“, кое зјае празно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!